СДСМ ја повика власта да не ги гони револтираните од Кочани
СДСМ ја повика власта да не ги гони младите кои револтирано излегоа на протест во Кочани еден ден по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“, туку како што соопштија, да ги гони вистинските виновници за трагедијата.
„Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси. Изминува четвртата недела од страшната несреќа во Кочани во која згасна 61 живот а 200 луѓе беа повредени.
Истрагата за најголемата несреќа во поновата македонска историја сè уште не дава одговори на клучните прашања: Кој е одговорен за пожарот во „Пулс“ и за сериозните пропусти на безбедносните институции?
Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле. Ниту еден функционер од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит, ниту опфатен со постапка.
Наместо тоа, МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага.
Дури и на младите кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.
Не се повикуваат оние кои биле на функции, нема кривични пријави, ама затоа се гонат младите кои пишуваат на Фесјбук и кои бараат одговорност и неселективна правда.
Дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен? Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество.
СДСМ бара од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење“, реагираат од опозициската партија.
Слично
