Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

СДСМ ја отвори онлајн петицијата против како што тврдат плановите на власта за носење мигранти од Британија во Македонија, а потпишувањето ќе трае 30 дена. 

Со отворањето на веб-страницата, граѓаните треба да остават име и презиме, телефонски број или електронска адреса или, пак, може да ја одберат опцијата да се потпишат анонимно. Можат да остават и коментар. 

„Одбраната на Македонија почнува сега. Ги повикуваме граѓаните да нè поддржат во одбраната на Македонија, да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ испратено попладнево.

Петицијата е достапна на линкот. 

Премиерот Христијан Мицкоски ги негира тврдењата на СДСМ. Инаку, британските медиуми деновиве пишуваа на темата. 

Слично

Поврзани вести