Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ја честита Нова година, велат во 2017 граѓаните ќе продолжат во насока на промени и живот

СДСМ ја честита Нова година, велат во 2017 граѓаните ќе продолжат во насока на промени и живот

Од СДСМ велат дека во Новата 2017 година граѓаните на Република Македонија ќе продолжат по насоката што ја избрале за промени и живот. 

СДСМ им ветува нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

„На државата и се неопходни реформи што ќе изградат институции на граѓаните, ќе го подигнат животниот стандард на граѓаните и семејствтата и ќе обезбедат перспективи на Македонија во светот. Новата одговорна Влада ќе се грижи за сите граѓани на Македонија, бидејки тие во оргомно мнозинство застанаа зад концептот на заедништво. Исто така ќе ги обезбеди традиционалните пријателства на Македонија со државите од меѓународната заедница и ќе продолжи да ги развива според интересите на граѓаните и на државата“- велат од СДСМ.

Според СДСМ  дојде време да извлечат поука  несовесните политичари како Никола Груевски чиешто време заврши. Од партијата додаваат дека со 2016 година завршува времето на поделби, на криминалци, на конфликт, на несигурност, а 2017 година носи промени, стабилност и живот за сите, во слободна и единствена Република Македонија. 


Слично

Поврзани вести