Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ја чека првата изјава на Мицкоски за„црната листа“

СДСМ ја чека првата изјава на Мицкоски за„црната листа“

СДСМ го чека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски, за својата прва изјава или коментар околу ставањето на поранешниот претседател на најголемата опозициска партија Никола Груевски на црната листа на САД заедно со екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

- Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“.

Нашите граѓани многу добро ги знаат причините поради оваа постапка, тоа е вмешаноста на Никола Груевски во криминал и корупција од невидени размери.

Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

Сето ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители. Се противеа на Законот за јавно обвинителство, го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

Оттука е и сомнителниот молк на Мицкоски“, се вели во дел од соопштението на владеачката партија.



Слично

Поврзани вести