Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните. Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан. 

Ова го посочуваат денеска од опозициската СДСМ во соопштение испратено до јавноста. Од партијата додаваат дека ова покажува колку Мицкоски му слугва на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание.

- Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.

Ова не е инвестициски успех туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ. 

Сопственици на провладините портали кои се дел од медиумскиот октопод Алфа-Алта во најголем дел се од Унгарија и директно поврзани со Орбан - потенцираат од СДСМ. 

Потоа додаваат дека иако СДСМ веќе два месеци предупредува за планот на ВМРО за преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите, и тој план станува сè поочигледен.

- СДСМ повикува заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија. 

Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност - се наведува на крајот од соопштението. 


Слично

Поврзани вести