Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ избира старо-нов лидер

СДСМ избира старо-нов лидер

СДСМ прави нов исчекор, врв во демократијата и утре ги спроведува првите внатрепартиски избори за избор на претседател на партијата, напиша денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата. 

СДСМ утре го избира новиот лидер, но на гласањето единствен кандидат е актуелниот претсеател Зоран Заев. Денеска може да гласаат болни и немоќни.

„Централната изборна комисија, 80 општински Изборни Комисии, 237 Избирачки одбори низ државата се подготвени да ги реализираат изборите. Со новите електронски картички, активно регистрирани членови ќе го изберат новиот претседател на партијата. Изборите ќе бидат безбедни за здравјето, со строго почитивање на сите мерки протоколи. Ве повикувам, в недела, сите регистрирани гласачи да го искористите правото на глас и дадете придонес во демократизацијата и напредокот на нашата партија, напиша Николовски на фејсбук. 

Регистрирани се 68.999 членови. Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош). 

Слично

Поврзани вести