Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Иванов не мора да чека десет дена

СДСМ: Иванов не мора да чека десет дена

СДСМ смета дека претседателот Ѓорге Иванов нема потреба да чека да истече рокот од 10 дена за давање мандат за состав на новата влада на нивниот лидер Зоран Заев.

Рокот од 10 дена во кој Иванов треба да одлучи дали мандатот ќе му го додели на Заев почна да тече од вчера, кога Службен весник официјално ја објави одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собрание.

„Иванов нема потреба да чека 10 дена и неопходно е конечно да постапи согласно Уставот и да го додели мандатот за формирање на Влада на лидерот на СДСМ“, соопштија од таа партија.

СДСМ, смета дека нема веќе пречки за доделување на мандатот за формирање на влада, како и дека досегашните образложенија на Иванов за недавањето на мандатот на Заев биле неразумни и дека мнозинството ги отфрлило.

Се потсетува дека Заев потворно потврдил дека е подготвен уште еднаш да ја претстави програмата на новата реформска влада, која подразбира единство на државата и определување дека работи согласно Уставот и евроатлантската перспектива на земјата.

СДСМ ги повика институциите и поединци, согласно со своите надлежности да се придружат во демократските процеси за добро на сите граѓани.

Слично

Поврзани вести