СДСМ: Иванов ќе сноси одговорност што го поддржа насилството
Откако шефот на државата 20 минути по 22 часот се обрати до јавноста по повод последните случувања во Собранието, и повика на смиреност, од СДСМ преку соопштение реагираат на изјавите на претседателот Иванов.
Од партијата на Заев кој вечерва беше повреден од револтираната толпа по изборот на Талат Џафери за нов собраниски претседател, соопштуваат дека Иванов подеднакво со Груевски и Велјаноски е виновен за крвавото сценарио во Парламентот и за тоа ќе сноси сериозна одговорност.
„Ѓорге Иванов е извршителот на Никола Груевски. Иванов работеше спротивно на Уставот и неговите должности пред граѓаните со тоа што го поддржа насилието на Груевски и заедно со Груевски и со Трајко Вељаноски свесно работеше на омраза и поделби во државата“, соопштија од СДСМ.
Оттука неизвесно е дали партијата која го чека мандатот од шефот на државата ќе ја прифати поканата на претседателот Иванов за лидерска средба.
