Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Исклучен е член на Советот на Општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на партијата

СДСМ: Исклучен е член на Советот на Општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на партијата

Извршниот одбор на СДСМ денеска на седница донесе одлука да почне постапка за исклучување од членство член на Советот на Општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата.

„Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност, а тоа се однесува и на сите избрани советници“, велат од СДСМ. 

ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.

Слично

Поврзани вести