Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на закон на Левица

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на закон на Левица

Пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието дадоа поддршка за предлог-законот на Левица со кој двојно ќе се зголеми рокот за застареност на кривичните дела.  Следува комисиска расправа за решението.

Собранието ја изгласа потребата од измена во кривичниот законик предложена од Левица која предвидува удвојување на времето во кое прекинува кривично гонење или извршување на казната. 

Со тоа, на пример, ако казната изнесувала над три години затвор за одредено кривично дело, до сега застаруваше за пет, а со предлогот се предвидува кривчното гонење да застари дури по 10 години.

Никогаш нема да застарат кривичните дела поврзани со јавните финансии и злоупотребата на службена положба. Измените е предиведно да важат и за тековни предмети.

„Во кривичните постапки кои се уште не се правосилно завршени, а такви се овие случаи од СЈО, застарните рокови ќе пресметуваат според овој закон. Тоа значи, дел од овие неколку случаи кои постоеја и кои треба да застарат оваа година, во суштина со оваа завршна и преодна одредба, тие нема да застарат и ќе може да се процесираат и понатаму“, изјави Димитар Апасиев, Левица.

На овој начин со застарување досега повеќемина обвинети од поранешното СЈО беа ослободени од вина во предметите Траекторија и Титаник, а рокови на застареност ги притискаат и случаите со масовното прислушување и изборни нерегуларности.


Слично

Поврзани вести