Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си наместија да бидат први видливи на гласачкото ливче

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си наместија да бидат први видливи на гласачкото ливче

Измените на Законот за изменување и дополнување на Изборниот закон, кој беше донесен денеска на вонредна собраниска седница, политичките партии ќе може на ливчето на гласање за парламентарните избори да го задржат истиот редослед како и редоследот што го имаат нивните кандидати за претседател на гласачкото ливче за претседателските избори.

Со донесените измени на Изборниот закон практично во членот 68 по став (3) се додава нов став (4) кој гласи: „ Доколку во ист период се одржуваат повеќе видови на избори, подносител на листа на кандидат/и чиј што реден број на гласачкото ливче е определен согласно став (1) од овој член може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број да се користи истовремено на гласачкото ливче и за друга листа на кандидат/и за друг вид на избори, доколку
кандидатот/ите се поддржани од иста политичка партија или коалиција и/или користат ист симбол, за што задолжително ја известуваат Државната изборна комисија“.

Претходно на извлекувањето за редоследот на претседателските кандидати, што се одржа пред една недела во Државната изборна комисија, Стево Пендаровски, актуелен претседател и кандидат на СДСМ, го доби првото место на гласачкото ливче, под број два ќе биде Гордана Силјановска Давкова, предложена од на ВМРО-ДПМНЕ, бројот 3 го доби Стевчо Јакимовски од ГРОМ, четворката му припадна на Бујар Османи од ДУИ, Билјана Ванковска од Левица е петта на листата, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ е со бројот шест, а кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кандидат на партијата ЗНАМ е со бројот седум.
Според тоа, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат први видливи на гласачкото ливче, како суштина од измените кои беа донесени денеска на собраниска седница, со што, како што беше образложено, се допрецизираат одредбите за определување на редниот број на гласачкото ливче за двата изборни процеси.
„Нели некни се "распушти" Собранието. Епа, АПРИЛИЛИЛИ било. Еве денес свикуваат ИТНА седница. Сакаат да шверцаат Изборен законик, на три дена пред кампања“, реагираше за ова Димитар Апасиев, лидерот на Левица, на социјалните мрежи.

Другите политички партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори, пак, дополнително по пат на ждрепка ќе извлечат редни броеви под кои ќе настапат на изборите.


Слично

Поврзани вести