СДСМ: и ученик од второ одделение ќе пресмета дека долгот изнесува 51% од БДП!
СДСМ излезе со реакција за јавниот долг. Од СДСМ го обвинуваат гувернерот Богов дека е партиски послушник и го прашуваат:
-Ако јавниот долг не изнесува 51 отсто од бруто домашниот производ, тогаш гувернерот Богов нека одговори колку е ?
Од СДСМ велат дека според последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд направен на први јули, пред издавањето на еврообврзницата, јавниот долг изнесува 44,8 отсто од бруто домашниот производ. Ако на ова се додадат 500 – те милиони евра од еврообврзницата коишто претставуваат 6,2% од проектираниот бруто домашен производ од 8 милијарди и 100 милиони евра, тогаш и ученик од второ одделение ќе пресмета дека 44,8 отсто + 6,2 отсто = 51 отсто.
Ако гувернерот сака да се покаже независен, нека ја демантира оваа бројка и нека ја каже висината на јавниот долг, се вели во реакцијата на СДСМ.
Посебно е загрижувачки фактот што една независна институција како што треба да биде Централната банка, а пред се гувернерот се однесува како партиски послушник, соопштува СДСМ.
Слично
