СДСМ: И по 10 години Груевски бега од ТВ дуел, нула политичка култура
Екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ исто како и во изминатите 10 години така и овој пат избега од телевизиско соочување со неговиот ривал Зоран Заев кој ја предводи опозицијата и нема да се појави на дебатата која беше планирана на Топ Тема на ТВ Телма и на националниот сервис МТВ.
- Со ваквото однесување Груевски покажа дека нема елементарна политичка култура. Тој не ги почитува избирачите затоа што се плаши да излезе на јавно соочување и да објасни што точно им нуди на граѓаните. Груевски има страв од директни и јасни прашања кои не се однапред договорени со него, велат од СДСМ.
СДСМ обвинува дека Груевски нема никаква политичка култура и ги скрати можностите на граѓаните да направат добар избор откако ќе го проследат судрувањето на ставовите и аргументите како во секоја друга нормална демократска земја.
