СДСМ и ДУИ го договараат пописот
СДСМ и ДУИ во моментов ги договараат клучните точки од тоа како ќе изгледа долгоочекуваниот попис на населението најавен за следната година.
Владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа денес информираа дека законот за попис е кај коалиционите пратнери во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери,
– Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред, истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.
Од Заводот за статистика, кој ќе ја организира операцијата, досега тврдеа дека тие само предложиле да нема етничка графа во пописот, а последниот збор ќе го има Собранието.Според последните мненија, решение за попис без етничка графа би било противуставно.
Слично
