СДСМ И ДРУГАРИТЕ СЕ ПРОСТИЈА ОД ТРАЈЧЕ - неговите дела ќе останат за паметење
Денеска на комеморативна седница била оддадена почит на ликот и делото на прерано починатиот другар Трајче Нешковски, поранешен секретар на СДММ, истакнат член на СДСМ и докажан здравствен работник, пренесува порталот Центар.
Огромен број млади луѓе, членови и симпатизери на партијата, но и високи партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев, како и вицепремиерот Љупчо Николовски, се простија од прерано починатиот Трајче.

СДСМ загуби голем човек, борец, другар, млад доктор кој даваше се’ од себе за граѓаните, за татковината и подобро утре за сите граѓани.

Неговите дела, неговата искрена верба во идеалите за подобра иднина, остануваат како трајни вредности за сегашните и идните генерации.

Во негова чест, летниот камп на СДММ кој се одржува секоја година, ќе го носи неговото име, Трајче Нешковски.
Со запалени бакљи и возилото на Отпорот, другарите се простија од прерано починатиот пријател и некогашен „соборец“.
Нека почива во мир.
Фото: Центар
