СДСМ и албанските партии стартуваат со консултации за претседател на Собрание, Иванов уште не дава мандат!
И по неколкуте прозивања на шефот на државата да му го додели мандатот на опозицискиот лидер, од кабинетот на Иванов молк. Тоа значи дека претседателот не го променил ставот кој е речиси идентичен со ставот на партијата на екс премиерот Никола Груевски.
Дел од медиумите пренесоа дека опозицијата и партиите од албанскиот блок денеска ќе стартуваат со консултации за избор на претседател на Собранието.
По завршување на консултациите пак се очекува да иницираат свикување на седница на парламентот.
Од СДСМ и денеска го побараа мандатот од Иванов, со повторување на ставот дека програмата на новата реформска Влада ја штити унитарноста и еднаквоста на сите граѓани.
„Ниту една закана, ниту едно прекршување на
Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречат демократските
процеси кои се случуваат. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде
преточена во институциите на системот!“, соопштуваат од кабинетот на Заев. Од ВМРО ДПМНЕ пак повторно го понудија истото решение, односно му упатија понуда на Заев да ја отфрли платформата, а за возврат ќе добие поддршка од партијата на Никола Груевски за состав на малцинска влада.
