СДСМ: Груевски се шета, ВМРО-ДПМНЕ зборуваат сами со себе, а граѓаните трпат
Додека Никола Груевски се шета во Малта, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборуваат самите со себе во Собранието, граѓаните трпат, велат од СДСМ.
Додаваат дека и денеска граѓаните ќе плаќаат скапа струја, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за враќање на евтината дневна тарифа.
„Родителите се загрижени за стресовите кои ги чекаат нивните деца, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за укинување на екстерното тестирање. Граѓаните сè уште имаат обврска да плаќаат радиодифузна такса, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за нејзино укинување. Работниците не можат да го добијат ветеното покачување на минималната плата на 12.000 денари во првата година, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето и за оваа мерка. 700.000 граѓани гласаа и очекуваат промени за живот за сите во Македонија. Нивната волја ќе се реализира“ - стои во соопштението од СДСМ.
Ќе има претседател на Собранието и ќе има нова реформска Влада на граѓаните. Ниту Груевски, ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои си зборуваат сами со себе, тоа нема да го спречат“, се вели во соопштението на СДСМ.
