СДСМ: Груевски сака да се испазари за амнестија, ама веќе не е фактор
Од СДСМ порачуваат дека повеќе нема да се одржат никакви преговори бидејќи Груевски нема да добие нова амнестија, тој е во политичка опозиција и не смее повеќе да го злоупотребува народот.
„Никола Груевски знае дека повеќе не е фактор и затоа измислува непостоечки теми, поттикнува нестабилност, вознемирува. Мисли дека така може да стане фактор. Сака да седне на преговарачка маса и да се пазари за амнестија. Нема пазар со криминалци! Ќе има промени и правда! Итно е потребен мирен трансфер на власта!
700.000 граѓани преку своите 67 избрани пратеници формираа легитимно парламентарно мнозинство. Парламентраното мнзинство застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев како мандатар. Тој ја објави Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија“, се наведува СДСМ.
Од СДСМ велат дека следен чекор во демократскиот процес е избор на нов собраниски претседател и формирање нова реформска Влада на граѓаните во брзо време.
