СДСМ: Груевски нема да побегне од правдата
СДСМ претпладнево излезе со партиско соопштение во кое вели дека Никола Груевски се крие од органите за спроведување на правдата, но дека нема да побегне.
„Груевски се потврди себеси како срам за јавноста, се потврди себеси за лажен патриот, криминалец кој се крие од правдата, а Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се потврдија како бранители на неговиот криминал.
Груевски го допре дното, Груевски падна на најниско ниво, криминалецот не собра храброст да се соочи со казната за сопствените злодела.
Груевски треба да разбере дека нема да може да побегне од правдата, нема да побегне од одговорноста.
Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за кој има правосилна пресуда ќе одговара за своите постапки.
Правда мора да има и правда ќе има“, се вели во соопштението на владејачката партија.
