Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Груевски конечно е во право-Македонија има потреба од стабилна Влада!

СДСМ: Груевски конечно е во право-Македонија има потреба од стабилна Влада!

Опозициската СДСМ му порачува на својот вечен опонент Никола Груевски дека мора да ги прифати промените, а дека новата влада предводена од Заев ќе обезбедила нови работни места, коментирајќи ги последните наводи на екс премиерот во однос на невработеноста.

Од СДСМ велат дека „Груевски конечно за нешто е во право – а тоа е дека на Македонија и е потребна стабилна влада и крај на кризата што тој ја создаде“.

„Македонија мора да добие стабилна реформска влада според мнозинската волја на граѓаните, предводена од претседателот на СДСМ Зоран Заев и тоа Груевски не ќе може да го спречи.

Провокациите и поттикнувањето насилство се очаен обид на Груевски и соработниците да ја одолговлечат кризата со што се надеваат дека можат да се спасат од лична одговорност. Но околу 700 000 граѓани гласаа за правда и ќе има правда, ќе има и нови работни места и квалитетено образование и здравство и парите ќе се вратат кај граѓаните веднаш по промените што ќе се случат“, посочуваат во соопштението од партијата на Зоран Заев.

На социјалната мрежа Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ пишува дека е потребен крај на политичката криза, а единствено тоа е можно преку нови парламентарни избори каде граѓаните ќе може да го кажат својот глас и да гласаат за програма која е понудена и позната на граѓаните, по што ќе биде формиранa стабилна влада за сите граѓани.

„На Македонија и е потребна стабилност. Нашата цел е стабилна, унитарна и просперитетна држава, која чекори кон остварување на своите стратешки цели, држава на среќни граѓани“, додаде Груевски.

Слично

Поврзани вести