Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Груевски ќе остане запаметен по 11 години на криминал, сиромаштија и иселување

СДСМ: Груевски ќе остане запаметен по 11 години на криминал, сиромаштија и иселување

СДСМ не беше расположена за многу роденденски честитки па веднаш реагираше на вчерашниот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на 27-от роденден на партијата, за кој сметаат дека ќе биде запаметен единствено по криминалнтото владеење.

- 11-те години власт на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Никола Груевски ќе бидат запаметени единствено како години на криминал, корупција, сиромаштија и масовно иселување на работоспособното население надвор од државата. Катастрофата што ова криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја направи на Македонија е најголемиот антидржавнички чин во современата историја. Погубните политики во владеењето на Груевски и неговите соработници резултира со меѓународна изолација, партизирано судство, криминални тендери, урнисани државни институции и огромно незаконско богатење на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“.

Од таму додаваат дека граѓаните навистина ќе ја увидат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

– СДСМ преку новата Влада што ја предводи ќе ги санира штетите од владеењето на Груевски, ќе ги врати правдата, економскиот напредок и животот и ќе ги отвори евро-атлантските перспективи. се вели во соопштението.


Слично

Поврзани вести