СДСМ: Груевски го чека неговото столче во ќелија
Oд СДСМ велат дека кукавицата и екс премиер, Никола Груевски ќе се врател – да, ама во затвор.
Според нив, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е марионетата која мисли дека му го чува местото во ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија во среда седнува на своето столче во НАТО, а кукавицата и бегалец од правдата Никола Груевски, го чека неговото столче во ќелија. Успехот на Република Македонија е неговиот најголем пораз“, соопшти СДСМ.
Вчера Груевски се појави во интервју за Сител телевизија и даде детали за бегството и престојот во Унгарија, каде доби политички азил. Потврди дека избегал затоа што му се заканувала ликвидација, а рече дека еден ден ќе се врати во Македонија.
Слично
