СДСМ: Груевски доби фактура од единствена Република Македонија
Никола Груевски доби фактура од единствена Република Македонија, реагираат од СДСМ на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните масовно гласаа за промени и правда. Тие 700.000 гласови се преточени во 67 пратенички мандати коишто го сочинуваат новото мнозинство. Ќе има нов собраниски претседател и нова Влада. Ќе се реализира народната волја, а не криминалната волја на Никола Груевски“- стои во соопштението на СДСМ.
Претходно Груевски изјави дека нема да дозволат фактурата на СДСМ да ја плаќа народот и државата.
Слично
