Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Граѓаните трпат во здравството само за да се спаси Груевски од одговорност

СДСМ: Граѓаните трпат во здравството само за да се спаси Груевски од одговорност

Со секој ден изгубен во непотребни меѓусебни реплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, се поголема е штетата што ја трпат граѓаните и државата. Загрозено е нормалното функционирање на граѓаните кои не можат да добијат соодветни здравствени услуги, се вели во најновото соопштение на СДСМ.

- Да не беше блокирано Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и да имаше нова Влада, досега сите осигуреници ќе имаа бесплатно болничко лекување.

Но, наместо да се лекуваат бесплатно, денес граѓаните мора да ја плаќаат партиципацијата за болничкото лекување, затоа што ВМРО-ДПМНЕ за свои интереси ги кочи демократските процеси, само за да го спаси Никола Груевски од одговорност за криминалите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги интересираат само интересите на тесното раководство на нивната партија и тендери, додека граѓани умираат по ходници и дома, затоа што не можат да си дозволат да бидат болнички згрижени.

Со попречувањето на мнозинската волја, ВМРО-ДПМНЕ ја попречува и изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје што ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на граѓаните во целата држава и ќе го врати концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто клиниките ќе бидат функционално поврзани.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не попречуваше во Собранието, лекарите ќе беа ослободени од дополнителни административни обврски на работните места и целосно ќе се посветеа на лекувањето на пациентите. Исто така ќе се отвореше простор за разгледување на предлогот за зголемување на платите на лекарите и специјализантите, соопштуваат од СДСМ и бараат веднаш да се одблокираат институциите.


Слично

Поврзани вести