Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Граѓаните избраа заедништво, дефакторизација има само на власта на Груевски

СДСМ: Граѓаните избраа заедништво, дефакторизација има само на власта на Груевски

СДСМ возвраќа на изјавите на Груевски дека прави обид за дефакторизација на македонското мнозинство во обид да формира влада со албанските партии. За СДСМ поважно е заедништвото и стабилноста и дека единствено повеќе фактор во Македонија нема да биде Груевски и неговата власт.

- Граѓаните на Македонија го избраа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби и тие веќе ги одбранија интересите на Република Македонија. Граѓаните избраа правда и живот и со тоа ги одбранија своите интереси и интересите на своите деца, кои ќе живеат во современа, стабилна и безбедна, праведна и правична, единствена Република Македонија.

Сите граѓани знаат дека Никола Груевски ги употребува своите последни сили да им наштети на нив и на државата, во очајните обиди да се спаси себеси. Се виде дека се што тој тврдеше е лага. Нема федерализации, нема кантонизации, нема редефинирања. Има само дефакторизација на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто одбројува часови до својот политички крај. Затоа власта во заминување е немирна, а граѓаните се спокојни, велат од СДСМ.


Слично

Поврзани вести