Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го „скенира“ Абдулменаф Беџети

СДСМ го „скенира“ Абдулменаф Беџети

Абдулменаф Беџети е еден од десеттемина кандидати кои СДСМ ги „скенира“ како можни кандидати за претседател на Македонија на изборите кои треба да се одржат во април.

Пресинг Тв дознава дека ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа е еден од можните албански кандидати кои би можел да избие како консензуален избор на СДСМ и ДУИ.

Зоран Заев во своето последно телевизиско гостување истакна дека СДСМ не разгледува четворица туку десетмина кандидати, а меѓу нив има и Македонци и Албанци.

На новинарска сугестија дека би било премногу двајца Албанци да бидат на клучни позиции - Претседател на Собрание и Претседател на Македонија, Заев рече дека во тој случај би можепе да го замолат господинот Талат Џафери да се повлече од улогата на собраниски спикер.

Беџети бил предложен од страна на СДСМ и од партијата на Али Ахмети начелно немале ништо против. Во моментов раководствата на СДСМ и на ДУИ спроведуваат интерни анкети дали Беџети би бил прифатлив за гласачите, а посебно ова се однесува на СДСМ за тоа како граѓаните би прифатиле предлог за претседател кој би бил Албанец и дали тоа ќе предизвика револт кај дел од членството, но и кај неопределените гласачи.

Членот на МАНУ важи за економски аналитичар и голем критичар на претходната власт за економските политики.

Слично

Поврзани вести