Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го прашува Тодоров каде завршиле 90.000 евра за вакцини за „мутираниот“ грип

СДСМ го прашува Тодоров каде завршиле 90.000 евра за вакцини за „мутираниот“ грип

СДСМ прикажа документи според кои наводно се вршеле манипулации со продажбата на вакцините за грип кои чинеле околу 400 денари или многу повеќе од почетната цена од 171 денар што е на директна штета на пациентите. Опозициската партија го прашува Тодоров каде завршиле и околу 90.000 евра за овие вакцини.

- Никола Тодоров е должен веднаш да ви одговори зошто дозволил вакцина против грип што чини 171 денар, да ја плаќате 400 денари и тоа избрана со услов најниска цена! Порачуваме дека многу брзо ќе биде испитано каде завршиле 5.000.000 денари, или околу 90.000 евра пари на граѓаните од вакцинацијата против грип. Тодоров лаже дека во исклучива надлежност на Центарот за јавно здравје во Битола била набавката на вакцини за 9 од 10 центри за јавно здравје низ земјава, посочуваат од СДСМ.


Прво, еве документ во прилог од член од Законот за јавно здравје каде што е точно наведено дека за активностите на Институтот за јавно здравје, под чија надлежност се центрите за јавно здравје, СОГЛАСНОСТ дава министерот за здравство.


Второ, скандалозно би било да не е така и за една исклучително сериозна состојба, кога Македонија е прва во Европа по болни од грип, за граѓаните во Македонија, да биде оставено да се грижи еден центар.

Трето, Никола Тодоров лаже и дека вакцините за грип за граѓаните биле набавени приватно, обвинија од СДСМ.

Слично

Поврзани вести