Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го објави огласот за претседатели

СДСМ го објави огласот за претседатели

Преку отворен повик денеска започнува процесот на самокандидрање на претседатели на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз, откако претседателот на партијата, премиерот Зоран Заев, ги разреши пред една недела сите 78-мина.

- Ги повикуваме сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите да поднесат кандидатури. Отворени сме за сите кои сакаат да се вградат во внатрешните промени. Оние кои уживаат авторитет, углед и доверба во своите средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик. СДСМ има огромен потенцијал и да го впорегнеме заедно целокупниот капацитет кој го имаме во интерес на граѓаните и иднината на државата и да служиме уште подобро - изјави Костадин Костадинов, портпаролот на владеачката партија.

Тој нагласи да се пријават и оние разрешени претседатели на општински организации каде што Стево Пендаровски победил за време на претседателските избори. Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб-страната на партијата и во печатените медиуми. 

Слично

Поврзани вести