СДСМ го објави бројот на членови, в недела Заев ќе биде избран за нов претседател
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека речиси 69.000 членови во недела ќе избираат претседател на првите директни, внатрепартиски избори, на кои премиерот Зоран Заев е единствен кандидат.
- Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19, а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот. Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош), објавија од таму.
Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота
„Претстојните избори, претставуваат постулат на демократските вредности, каде прв пат во историјата на нашата држава, самите членови на партијата ќе си го бираат својот претседател.
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ“, додаваат од владеачката партија.
Слично
