Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го најави Конгресот-Составот на Влада уште не е поднесен

СДСМ го најави Конгресот-Составот на Влада уште не е поднесен

Идната владеачка партија го најави партискиот Конгрес.

СДСМ утре со почеток во 12 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи 22. Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Конгресот ќе има отворен и работен дел. Новинарите, снимателите и фотографите ќе можат да присуствуваат на отворениот дел на Конгресот. Во овој дел од Конгресот е предвидено обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, информираат од кабинетот на мандатарот.

Акредитации за медиумите и новинарите ќе може да се подигнат и во фоајето пред салата во којашто ќе се одржи Конгресот, во 11.30 часот.

За новинарските екипи е предвидена посебна работна просторија, што ќе можат да ја користат за време на работниот дел од Конгресот.

Засега мандатарот не го достави предлогот за состав на новиот владин кабинет до Собранието а најверојатно тоа нема ни да се случи денес и покрај најавите дека е можно да се поднесе.

Сепак Заев изгледа ќе го чека реизборот па ќе стане премиер.

Слично

Поврзани вести