Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го менува името на 16 мај?

СДСМ го менува името на 16 мај?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти дека Централниот комитет на синоќешната седница одлучил следниот Конгрес на владеачката партија да се одржи на 16 мај.

Останува да се види дали Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе го промени своето име согласно Преспанскиот договор, откако минатата недела Заев најави дека тоа може да се случи уште на следниот Конгрес и дека еден од предлозите е „Социјалдемократи од Северна Македонија“.

- На следните конгреси, тоа не можеме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, којшто ретко се свикува. Од уставните промени сме одржале само еден конгрес, онлајн… Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Дури дадовме и информација во делот на новото име – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, рече тогаш Заев.

Слично

Поврзани вести