Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ го чека Заев да се врати од скијање за да донесе одлука

СДСМ го чека Заев да се врати од скијање за да донесе одлука

Раководството на СДСМ го чека премиерот Зоран Заев да се врати од зимскиот одмор, кој традиционално го користи за скијање, за да донесе одлука за тоа дали ќе има паралелни парламентарни избори заедно со претседателските на барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објави Дојче Веле.

Иако во моментов постои внатрешната дебата во партиите од власта по ова прашање, најголемо влијание на одлуката за барањето на опозицијата за парламентарни избори ќе има премиерот Заев по враќањето од еднонеделниот зимски одмор во Германија, каде што замина по изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание.

Евидентно е дека во кампусот на СДСМ постои струја која размислува да се прифати предизвикот од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски дека „на тој начин ќе престанат опструкциите од опозицијата на реформските процеси“.

Анализата ќе се прави во наредните денови, иако владиниот коалиционен партнер ДУИ е резервиран по тоа прашање бидејќи во наредниот период треба да се работи на важни одлуки.

На одлуката ќе ѝ претходат широки консултации со сите коалициски партнери, со бизнис заедницата, а ќе ги имаат предвид и сугестиите од Брисел околу реформските приоритети и јунските рокови.


Слично

Поврзани вести