Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Гласањето беше во месна заедница, а не во училница

СДСМ: Гласањето беше во месна заедница, а не во училница

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира на објава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој сподели фотографии од просторија за која опозицискиот лидер тврди дека е училница и служела за партиско гласање за потребите на владеачката партија.
СДСМ тврди дека тоа било просторија на месна заедница во населба во Прилеп, демантирајќи го Мицкоски, кој побара оставка од министерката за образование Мила Царовска.
„Христијан Мицкоски не знае што е училиште а што Урбана заедница. Заглавен во белата палата како слуга на Груевски тој воопшто не си ја познава сопствената земја.

Чиста лага и незнање е тврдењето на Мицкоски. Не станува збор за училиште туку за простории на Урбана заедница, поточно Урбана заедница Тризла 1 во Прилеп.

Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести каде ќе стигне, тој е познат извор на невистини“, соопштија од партијата.
На вчерашните избори премиерот Зоран Заев доби нов мандат како претседател на СДСМ.


Слично

Поврзани вести