Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето

СДСМ: Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето

СДСМ со писмено соопштение реагираат на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев, кој обвини дека направиле обид за државен удар и го прекршиле Уставот. 

Велат Ѓорчев сигурно не заборавил дека беше сведок на крвопролевањето и бруталните напади врз неговите колеги. Ѓорчев е принуден денеска да ги брани насилните ставови на раководството на ВМРО ДПМНЕ, додаваат од СДСМ. 

„Државен удар врз уставниот поредок на Република Македонија и кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок ибезбедноста“ по член 313 од Кривичниот законик извршија сите оние насилници, криминалци и злосторници кои по нарачка на Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов, Трајко Велјановски, Митко Чавков извршија обид за убиство преку крвавите напади врз пратениците од мнозинството во Собранието на Р.Македонија. За ваквото крвничко однесување на злосторниците, но и за нарачателите на ова злосторство Груевски, Иванов, Велјановски, Чавков ќе следува одговорност! Изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери е според Уставот, Деловникот и законите на Р.Македонија и признат од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД“ - одговараат од СДСМ. 

И покрај ова, СДСМ и претседателот Заев ја почитуваат човечноста што пратеникот Ѓорчев ја покажа на денот на насилството во Парламентот,  се вели во реакцијата на СДСМ.

Слично

Поврзани вести