Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ги враќа во игра Игор Ивановски Шема и Гордан Георгиев за парламентарните избори

СДСМ ги враќа во игра Игор Ивановски Шема и Гордан Георгиев за парламентарните избори

Високи извори од Социјалдемократскиот сојуз денеска откриваат дека поранешните функционери на владеачката партија - Игор Ивановски Шема и Гордан Георгиев ќе бидат дел од организацијата на предвремените парламентарни избори следната година.

Од таму сепак не прецизираат дали ќе бидат и на изборните пратенички листи.

СДСМ дефинитивно останува на измените на Закон за избори според кој би се вовела  една изборна единица. 

Од „Бихаќка“ остануваат цврсто на ставот тоа да се имплементира пред изборите и покрај тоа што ДУИ се противи.

Од таму не ја коментираат анкетата на ИПИС, но според нивни сознанија, резултатите покажуваат дека премиерот Зоран Заев имал подобар рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ.

А.Т.

Слично

Поврзани вести