СДСМ ги утврди преостанатите кандидати за градоначалници
Синоќа Извршниот одбор на СДСМ ги утврдил преостанатите кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, објавија од владеачката партија.
Утврдените кандидати како и другите одлуки од седницата на ИО ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Љупчо Николовски на прес конференција која ќе се одржи во седиштето на СДСМ со почеток во 16.30 часот.
„СДСМ ја има најдобрата кадровска понуда и програма. Одиме на победа на локалните избори“ се вели во соопштението.
Претходната група на кандидати за градоначлалници СДСМ ја објави на 25 август.
Слично
