Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ги усвои кандидатските листи со кои ќе се трка на избори

СДСМ ги усвои кандидатските листи со кои ќе се трка на избори

Конгресот на опозицијата вечерва после неколку часа дебати ги усвои кандидатските листи на пратеници со кои СДСМ ќе настапи на изборите на 11 декември.

597 гласови ЗА, еден ПРОТИВ и 24 ВОЗДРЖАНИ ги одобрија листите според кои поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски се најде во првата изборна единица, а актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во втората изборна единица.

Во третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски а четвртата изборна единица е резервирана за лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска ќе ја предводи петтата изборна единица а портпаролот на партијата Петре Шилегов ќе биде носител на шестата изборна единица.

Дел од листите земаа и непартиски кандидати меѓу кои граѓанските активисти Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефковска а на нив предвидени се и места за коалциските партнери на партијата.

Слично

Поврзани вести