Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ги разгледува предлог-измените на Законот за државјанство и ќе поднесе амандмани

СДСМ ги разгледува предлог-измените на Законот за државјанство и ќе поднесе амандмани


СДСМ соопшти дека не ги поддржува измените на Законот за државјанство во предложената форма и дека ќе поднесе амандмани при разгледувањето на ова решение поднесено од опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Од владеачката партија имаат забелешки за кои најави дека ќе се разговара со пратеничките групи и ќе поднесе амандмани.

„За измените на текстот на Законот ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение. Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата“, гласи соопштението на СДСМ.

Од таму велат дека корекциите коишто ќе ги побараат ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање вакви проблеми.

„Решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да отвораме други прашања“, додаваат од таму.

Никој засега не знае колку нови државјани ќе добие Македонија со предлог-измените на Законот за државјанства што го предложуваат албанските опозициски партии. Засега политичарите нафрлуваат само бројки, а денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека МВР допрва треба да се произнесе по ова прашање.

- Во МВР во моментов се разгледува законското решение, а очекувам до понеделник да го дадеме нашето мислење за истиот, рече Спасовски, кој додаде дека нема прецизна бројка колку граѓани би поднеле барање за стекнување со македонско државјанство.

Предлог законот предвидува познавање на еден од службените јазик кои се зборуваат во земјата, лицето да има документ за дозвола за престој 4 години и тројца сведоци кои гарантираат дека лицето кое бара државјанство живеело во тоа место најмалку 4 години.


Слично

Поврзани вести