СДСМ ги потврди четворицата кандидати јавени на огласот, Петровски се пријавил пред Филипов
Од СДСМ денеска потврдија дека на огласот за самокандидрање се пријавиле четворица апликанти во изборот за кандидат за претседател на Македонија.
Прв уште на 5 февруари се пријавил 58-годишниот гостиварец Тони Петровски, дипломиран правник и долгогодишен член на СДСМ, поранешен управител на Бирото за правни интелектуални услуги ТКМ, еден е од основачите на Агенцијата за разузнавање, а последното работно место му е инспектор-советник во Инспекцискиот совет на Македонија.
Единствен досега кој беше познат во јавноста е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, кој се пријавил на конкурсот на 11 февруари.
На 18 февруари аплицирале уште Божидар Ночев и Игор Поп Трајков. За Ночев е познато дека на претходните претседателски избори конкурирап на огласот на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та. Поп Трајков во јавноста е познат како поет.
