Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ: Шилегов ќе се бори за Скопје, Бочварски ќе се трка за градоначалник во Штип

СДСМ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ: Шилегов ќе се бори за Скопје, Бочварски ќе се трка за градоначалник во Штип

СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните, вака владеачката партија ги најави кандидатите со кои ќе се трка на локалните избори во октомври.

До денеска завршена е постапката и потврдени се кандидатите на СДСМ за градоначалници за локалните избори 2017 година во следните општини:

За Град Скопје кандидат за градоначалник на СДСМ е Петре Шилегов.

Во општините во рамки на Скопје кандидати се: Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром, Велимир Смилевски за општина Бутел, Борче Георгиевски во општина Гази Баба, Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев во општина Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија потврдени се следните кандидати: за општина Арачиново - Миликије Халими, Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово, – Перо Костадинов, Вевчани – Сашо Јанкоски Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково  Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево – Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Св. Николе – Сашо Велковски, Сопиште -  Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.

Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе бидат потврдени кандидатите и за останатите општини.

Слично

Поврзани вести