Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Ги нема новите автобуси на Мицкоски зошто им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска

СДСМ: Ги нема новите автобуси на Мицкоски зошто им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска

За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина имаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност веќе 4 години, со колабиран јавниот превоз катастрофално лоша состојбата во ЈСП само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кавги со Арсовска, реагира СДСМ.

„Политичките пресметки се врз грбот на граѓаните на Скопје, затоа скопјани немаат превоз, немаат град. ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на град Скопје, но секогаш советниците ги кочат одлуките на штета на граѓаните. Управниот одбор на ЈСП исто така е на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозицијата.
Од таму посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го оставила градот без автобуси, создавајќи хаос.

„ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема ниту бесплатниот превоз. Само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска. Јасно е ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град“, соопштија од СДСМ.

Слично

Поврзани вести