Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ ги комплетира кандидатите за градоначалници, некои добиваат втора шанса

СДСМ ги комплетира кандидатите за градоначалници, некои добиваат втора шанса

Голем број на имиња веќе се утврдени од телата на СДСМ како кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, а дел од нив ќе добијат втора шанса за победа во својата општина откако изгубија во 2013 од своите ривали од ВМРО-ДПМНЕ.

Адут на СДСМ во Кисела Вода ќе биде Филип Темелковски, Александар Наумовски ќе се трка во Ѓорче Петров, Велимир Смилевски во Бутел, Благој Бочварски од претседателството на СДСМ ќе ја бара довербата во Штип, Јован Стојаноски треба да му ги расипе сметките на Бакрачески во Охрид, додека пак Тони Делков ќе ја бара довербата од Неготино. За Велес се очекува повторно да се кандидира Аце Коцевски кој загуби од Славчо Чадиев.

Засега нема потврда кој ќе биде кандидат за Центар, Карпош, Аеродром како и за град Скопје. Исто така нема потврда ни за кандидатурите во Куманово, Прилеп и Битола каде партиската конкуренција е најголема.

Слично

Поврзани вести