Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Европската народна партија не толерира корумпирани политичари како Груевски

СДСМ: Европската народна партија не толерира корумпирани политичари како Груевски

СДСМ му порача на Груевски да се соочи со реалноста дека повеќе нема никаква поддршка на меѓународна сцена, па дури ниту од сестринската Европска народна партија во која членуваат десничарските партии од цела Европа.

„Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите значајни меѓународни политички субјекти. Пораките содржани во Резолуцијата го осудуваат сè она што Никола Груевски и го прави на Македонија.

Европската народна партија јасно стави до знаење дека не толерира корумпирани политичари и корупциски скандали, дека ги осудува провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации.

И Резолуцијата на Европската народна партија, како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и Иванов да престанат со непресметливото однесување кое ги загрозува државните и национални интереси на Македонија и интересите на граѓаните.

Демократските процеси се незапирливи, следува избор на нов претседател на Собранието, доделување на мандатот и нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.


Слично

Поврзани вести