Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ експресно му одговори на Мицкоски

СДСМ експресно му одговори на Мицкоски

СДСМ реагира на вечерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој соопшти дека заедно со коалицијата „За обнова на Македонија“ усвоиле заеднички ставови во врска со националните интереси. 

Од СДСМ велат дека Мицкоски три години работи против државните интереси, а сега само глуми дека е загрижен.

„Нема крај лицемерието на очајниот губитник Христијан Мицкоски. На денот кога на претседателот, Зоран Заев, уште еднаш меѓународно му се признаени успесите, кога добива награда од реномирана европска фондација, каде е окаракетризиан како човек што влева надеж, како реформатор и европеец, Мицкоски неповикан поита да си прави сопствена промоција“, се вели во нивното соопштение.

Велат дека Мицкоски требало да знае дека во овие три години земјава добила слобода, станала пријател со Грција и доби членство во НАТО.

„Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него, неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евроатлантската иднина? Мицкоски не само што нема ништо направено за европската иднина, туку ќе остане запаметен дека беше на спротивната страна, очајно обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато“, му порачуваат од  СДСМ.

Коалицијата „За обнова на Македонија“ е против било каква дискусија околу македонскиот јазик. Бараат почитување на македонското малцинство во Бугарија. 

Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. 

„Македонскиот идентитет е неспорен и засебен“, рече Мицкоски. 

Предупредија власта да не тргува со националните интереси на кои е изградена македонската модерна држава. 

„Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, и да покаже вистинско пријателство меѓу двата народи“, порача Мицкоски во име на Коалицијата „За обнова на Македонија“. 

Бара од ЕУ партнерите да помогнат земјава да ги почне преговорите. 

Слично

Поврзани вести