СДСМ: ЕК ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ
„Дали се сеќававте кога изби скандалот како ДПМНЕ и кујните за лаги го обвинуваа претседателот Филипче за ова, како објавуваа лаги за Заев кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски? Дали сега на сите им е јасна улогата на фабриката за лаги на ДПМНЕ? Токму она што говори СДСМ и постојано го разоткирва: дека нападите кон опозицијата, кон СДСМ, претседателот Филипче служат за дефокусирање од темите, како оваа дека ДПМНЕ се фатени во корупцијата и криминал со ИПАРД“, велат од СДСМ.
Опозицијата обвинува дека земјоделците и агробизнисмените ќе останат без пари поради ВМРО-ДПМНЕ.
„И токму поради корупцијата на ДПМНЕ сега е зададен силен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисмените кои планирале или веќе реализираат инвестиции, сега ќе останат и без пари и без инвестиции, поради корупцијата на ДПМНЕ. Скандалот со ИПАРД 3 програмата, вредна 130 милиони евра, не е изолиран случај, туку дел од поширокиот криминален модел на ДПМНЕ. Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори. Корупцијата на ДПМНЕ метастазираше во секоја пора од општеството. На ДПМНЕ им се важни нивните тендери: 161 тендер за 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за една фирма со двајца вработени. Нив воопшто не ги интересираат земјоделците туку крминалните тендери. СДСМ бара брза, темелна и транспаретна истрага, сите инволвирани во овој огромен корупциски скандал мора да одговараат. Работата не е завршена“, реагираат од СДСМ.
