СДСМ: Единствената пречка за Македонија се Иванов и Груевски
Единствената пречка за Република Македонија се претседателот, Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да ги спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за криминалите и злоупотребите, и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија. Огромно мнозинство од околу 700.000 гласачи избраа промени, правда, заедништво“ - велат од СДСМ.
Од партијата велат дека програмата на новата Влада ова ќе го овозможи.
Слично
