СДСМ е за независни медиуми, не ги прифаќа обвинувањата на ТВ Нова
СДСМ ги одбива обвинувањата на ТВ Нова дека тие сакаат овој медиум да биде замолчен само затоа што известувал критички за опозицијата и работата на СЈО.
„СДСМ како политичка партија секогаш се залагала и ќе се заложува за слобода на медиумите и објективно, професионално и непристрасно известување на медиумите.
Апсурдни се обвинувањата на ТВ Нова дека СДСМ била против слобода на изразување, само затоа што нивниот сопственик, Сеад Кочан, бизнис партнер на Никола Груевски е осомничен за криминал.
СДСМ јасно е определена за независни медиуми што ќе ја гарантираат слободата на мислата и изразувањето, исто како и за независно судство, кое што ќе обезбеди правда во Македонија, затоа што независноста на институциите во државата се темел на демократијата“ се вели во соопштението на СДСМ.
