Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ преку соопштение обвинува дека владејачкото мнозинство изгласало резолуција со која директно се удира врз демократијата.

„Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата. Клучното прашање е: зошто токму сега? Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални претставници. Секој ден излегуваат нови информации и докази за оваа тема“, реагираат од СДСМ.

Опозицијата тврди дека резолуцијата е неуставна и најави дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок.

„Последно, и сам претставник на Владата, Александар Николовски потврди дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија. А граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој Договор со Британија? Што треба Македонија да прими а за возврат да добие 6 милијарди евра креди? Сите знаат. Токму затоа се носат неуставни резолуции. Токму затоа се воведува забрана за говор. Токму затоа се прави обид опозицијата да се замолчи, а јавноста да се држи во страв. Да се забрани дебата за вистината која сите ја знаат. СДСМ заедно со граѓаните ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се избори за правда, демократија и слобода на говор. Борбата продолжува“, соопштија од СДСМ.

Слично

Поврзани вести