Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Донесена е одлука Заев да ја одложи оставката на неодредено време

СДСМ: Донесена е одлука Заев да ја одложи оставката на неодредено време

Имаше плодна дискусија на членовите на Извршниот одбор и Централниот одбор и со оглед на моментумот во кој се наоѓа државата, беше препорачано и едногласно беше донесена одлука претседателот и премиерот Зоран Заев да ја одложи оставката на неодредено време, велат од СДСМ. 

„После долги години режим државата се гради на демократски и слободарски вредности и овој моментум не смее да се пропушти“, кажа Перо Костадинов од СДСМ.

Според Костадинов СДСМ наредниот период ќе работи исклучиво на интересите на граѓаните, особено поради можноста повторно земјата да биде во криза и во ретроградни процеси.

Слично

Поврзани вести