Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ до Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски

СДСМ до Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски

Опозициската СДСМ ја советува претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која им посака побрзо да ја надминат кризата, да не го слуша експремиерот и бегалец, Никола Груевски.

„Новата сила, енергијата и новиот тим на СДСМ носи криза само за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тоа веќе е видливо но допрва на сите ќе им биде јасно, вклучутелно и на Давкова. И Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има совет за претседателката Гордана Сиљановска Давкова: Имате доволно години и искуство да не го слушате повеќе вашиот водач Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Партијата порачува дека тој концепт еднаш бил поразен и повторно ќе се случи тоа.

„Едноставно е погрешно и штетно за иднината на државата. Тој криминален концепт еднаш беше поразен и повторно ќе биде поразен сосе неговите ученици кои денеска ја крчмат Македонија. Никола Груевски пишува на Фејсбук дека е време за војни а претседателката Давкова јавно го кажува тоа како нејзин став дека „не е време за реформи“ затоа што е време за војни. Осуден и побегнат криминалец, кој украде 2 милијади евра народни пари од Будимпешта диктира повторна изолација на Македонија, нов грабеж и да ја управува Владата на далечинско. СДСМ е тука тоа да го спречи. Работата се уште не е завршена“, соопштија од СДСМ.


Слично

Поврзани вести